Најубавите обичаи за Бадник: Тука лежи смислата на божиќната прослава!

Се ближи највеселиот празник

Во овие обичаи лежи пронаоѓањето смисла во празникот на Христовото раѓање

Бадник му претходи на највеселиот семеен празник – Божиќ. Го следат многубројни обичаи кои ги разубавуваат подготовките на човечката душа за раѓањето на божјиот син.

На Бадник се донесува бадниково гранче и слама во домот, се приготвува посна вечера и се пече месо за следниот ден.

Во зори, со три удари на секира се сече бадниково дрвце, така што треба да падне кон исток.

Бадниковото гранче е симбол на она дрво, кое според преданието, пастирите им го донеле на Јосиф и Марија да заложат оган и да ја загреат пештерата во која е роден Исус. Неговото ложење е главниот дел од овој празник, но бадниковото дрвце од зори до самрак ќе остане до куќата и дури потоа ќе биде внесено внатре, со посипување жито. Бадниковото дрвце се ложи со посебна почит и притоа се кажува молитва за здравје, среќа и мир.

Домаќинките веќе ја приготвиле празничната трпеза, посна но богата, за и новата година да биде богата и плодна.

Бадниковото дрвце гори до Божиќ, навестувајќи ја новата светлина што ја носи верата во новородениот Христос.

Подовите се посипуваат со слама, исто како во Витлеемската пештера, децата имитираат звуци на пилиња, за да се размножува живината и да се побара благосостојба.

Во овие обичаи лежи смислата на празникот на Христовото раѓање. Не е сѐ во трпезата и јадењето, бидејќи сето тоа може да се приготви кој било ден. Важно е овој празник да се помине во својот дом и во кругот на семејството, со радост и љубов.

И додека во домовите се пали свеќа, како симбол на Исусовата светлина што му ја донел на светот, оваа вечер сите улици се пусти. Не се оди на гости и ништо не се зема од други луѓе. Се празнува во семејството, а сите обичаи упатуваат на љубов, простување и стремеж да се прекинат сите конфликти.

Наредниот ден, поздравувајќи го Божиќ, токму тоа ќе си го кажеме едни на други: Мир божји, Христос се роди!

Отишол по бадниково дрвце, се вратил без дрвце и без секира: Како потполно го извитоперивме најубавиот божиќен обичај!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.