Отишол по бадниково дрвце, се вратил без дрвце и без секира: Како потполно го извитоперивме најубавиот божиќен обичај!

Сѐ се преврти наопаку

Денес ретко кој маж ќе стане порано, ќе го земе наследникот за рака и ќе се упати во шума по бадниково гранче

Бадниковото гранче е еден од најважните симболи на Божиќ. Секој дом на Бадник се украсува со бадниково дрвце кое навечер се внесува во домот, а неговите гранчиња се палат во печката на божиќното утро, кога во домот ќе дојдат драгите пријатели и ќе им посакаат сѐ најдобро на домаќините.

Во некои дамнешни, убави времиња, најстариот маж во куќата го земал за рака синот или внукот и во зори оделе во шума да исечат бадниково дрвце (сува гранка од ореово или дабово дрво) и на рамена го носат дома. Оној што нема синови, ги водел ќерките.

Симболично се носело и шише ракија, од кое домаќинот би испил голтка-две, би се прекрстил и би отишол дома со бадниковото дрвце.

Како изгледа овој обичај денес?

Повеќето луѓе денес или поради работа немаат време наутро да одат по бадниково гранче или едноставно полесно им е да го купат од улични продавачи.

Ретки се оние што го почитуваат овој обичај како што треба.

За жал, денес сме сведоци на целосно извртување на овој обичај, кој се користи како повод за опијанување и уништување дрвја. Младите се опиваат, се шегуваат, пејат, а колку далеку одат сведочат и приказните на луѓето за тоа како наследниците од сечењето бадниково дрвце се враќаат без она по коешто всушност отишле.

Секоја чест за исклучоците…

Како вие набавувате бадниково гранче? Дали сте забележале дека луѓето целосно го извртеле овој обичај?

Денес е Бадник – празник на семејството!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.