Денес е Бадник – празник на семејството!

Нека е за многу години!

Православните христијани на 6 јануари го слават Бадник, кој е празник за семејството. Се верува дека на овој ден сите треба да бидат во своите домови, покрај најблиските.

Бадник го означува крајот на 40-дневните божиќни пости. Традиционално се приготвува бадникова трпеза, која треба да биде посна, но богата и празнична.

Верувањата се дека богатата трпеза означува дека и годината ќе биде богата.

Обичаите се разликуваат во зависност од местото, така што во некои краеви од Македонија има традиција да се меси празнична погача со паричка за Бадник или за Свети Василиј Велики.

Домаќинот најпрво ја крши погачата на толку парчиња, колку што има членови во семејството, оставајќи едно парче за Господ и едно за куќата.

Се верува дека оној што ќе ја пронајде паричката ќе го следат здравје, среќа и успех во годината што претстои.

Симбол на Бадник е бадниковото гранче, кое задолжително се става на бадниковата трпеза, а потоа се чува до следната година. Старото бадниково гранче вечерта пред Бадник се гори во оган за да го чува здравјето на сите во семејството.

Празникот е време кога се прават добри дела. Тоа е уште една важна поента. Обичајот на празничниот леб со паричка имено се темели на неа.

Свети Василиј Велики, сакајќи да им раздаде милостина на сиромавите, а за да не ги посрами пред народот, тајно, во парчињата од празничниот литургиски леб, кој им се делел на сите верници по празничната богослужба, ставал по некоја пара и им ја давал на оние што имале потреба.

Извор: Се’ за храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.