Одбирала контроверзни мажи, идентитетот на таткото на нејзиното дете го шокирал светот: Животната приказна на најхаризматичната манекенка!

Благодарение на својата убавина, Линда Евангелиста брзо станала една од најбараните манекенки во 1990-те години, но една драстична промена ѝ ја дала популарноста што ја заслужувала

Канадската убавица со италијанско потекло на почетокот ги шокирала сите во модниот свет со одлуката да ја потстриже долгата светло кафеава коса кратка, но на крајот, токму тоа ја лансирало меѓу ѕвездите.

Додека нејзините колешки размислуваат за тоа дали да се согласат на нова модна соработка, иако одамна отишле во службена манекенска пензија, само за да ги зголемат своите милионски приходи, најпознатата модна камелеонка води многу потешка животна борба.

Поранешниот сопруг на Линда Евангелиста, Џералд Мари, со кого била во брак шест години, се наоѓа под истрага откако неколку жени, меѓу кои и поранешни модели, го обвиниле дека сексуално ги злоупотребувал додека биле малолетни и се обидувале да остварат манекенска кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Мари, кој со децении ја водел една од најпрестижните светски модни агенции Elite Model Agency во Париз и заедно со основачот на таа агенција, Џон Казабланка, е заслужен за успехот на Наоми Кембел, Синди Крафорд, Хелен Кристенсен и други, го нарекуваат Харви Вајнштајн на модниот свет, а тој моментално ги негира тешките обвинувања.

Неговото однесување со години било јавна тајна во Париз, а никој не ги заштитил младите и наивни девојки кои на најранливата возраст доаѓале кај него за да станат супермодели и да стекнат светска слава. Линда Евангелиста целосно им верува на жените што го обвиниле нејзиниот поранешен сопруг и им се восхитува на храброста и силата конечно јавно да проговорат. Од друга страна, таа се оградува од сето тоа:

„За време на мојата врска со Џералд Мари не знаев ништо за неговите сексуални злоупотреби, затоа не можев да им помогнам на тие жени.“

Линда Евангелиста е родена на 10 мај во 1965 година во големо семејство во мал град, недалеку од Нијагарините водопади. Нејзините родители биле италијански имигранти, таткото Томасо работел за General Motors, додека мајка ѝ Мариса била книговодител.

Поради нејзиниот изглед, особено зелените очи, модните агенти ја забележале уште како тинејџерка на локален избор на убавина. Но поради една случка, таа речиси се откажала од светот на модата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

За време на нејзиното прво деловно патување во Јапонија, кога на само 16 години требала да одработи некои снимања, Линда ѝ се јавила на канадската амбасада и ја замолила да ѝ помогнат да се врати дома откако од неа барале да позира гола. Потоа, му се посветила на учењето, а откако завршила средно училиште, мајка ѝ ја наговорила да му даде втора шанса на манекенството и во 1981 година ја одвела во Њујорк, па Линда потпишала договор со модната агенција Elite. Агенцијата во 1984 година ја испратила во Париз и по три години работа, трудот се исплател, бидејќи се појавила на насловната страница на магазинот „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Имала само 22 години кога во 1987 година се омажила за шефот на модната агенција Elite, Џералд Мари, и почнала да добива сè подобри ангажмани, но драматичната промена на изгледот ја довела до самиот врв. По само една година од нејзиниот брак, фотографот Питер Лидбер, кој подоцна ѝ станал близок пријател, ја убедил да се потстриже така што ќе има момчешка фризура, популарниот боб, што било спротивно на долгите и гламурозни фризури во магазините.

Таа се согласила и иако поради тој драстичен потег, на почетокот ѝ откажале многу ангажмани, по само неколку месеци сè се променило, а нејзината фризура станала глобален тренд. Кога видела дека може да биде поинаква од другите, Линда Евангелиста продолжила со своите драматични промени на имиџот и со менување фризура и боја на коса, поради што ја нарекле модна камелеонка, а тој прекар го носи и денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Покрај сето тоа, благодарение на нејзината сличност со италијанската актерка Софија Лорен, Евангелиста набрзо станала заштитно лице на Версаче, па на Ревлон, за во 1990 година, магазинот „Пипл“ да ја стави на листата на 50 најубави луѓе на светот. Секако дека сето тоа довело и до разгаленост и до пребирање што сака или не сака да работи, а денес е позната и нејзината изјава која влегла во модната историја дека не станува од кревет за износ помал од 10.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

И покрај тоа, дизајнерите и фотографите отсекогаш сакале да работат со неа, сметајќи ја за исклучително професионална личност, која секогаш доаѓа на време и не живее луд и разуздан живот.

На 41 година открила дека е бремена, но идентитетот на таткото на момчето, Аугустин Џејмс, родено во октомври 2006 година, на почетокот не сакала да го открива. Дури откако мистериозниот бизнисмен не сакал да го признае детето и да му плати алиментација, Линда одлучила да побара судска помош. Тогаш се открило дека таткото на детето е францускиот бизнисмен и сопственик на модното царство Керинг. Франсоа Анри Пино – сегашниот сопруг на Селма Хаек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Денес, Линда живее далеку од светлата на рефлекторите. Некои од нејзините последни фотографии откриваат и дека качила неколку килограми вишок, но убавината што ѝ донела светска слава и понатаму е очигледна. Фокусирана е на својот син и со него ужива во животот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.