Оваа комбинација е полн погодок: Вака облечена секоја жена изгледа најмалку 5 килограми послабо!
Одличен избор
Пејачката Ешли Робертс ни даде одличен предлог за следниот стајлинг
Најдовме идеална модна комбинација, која изгледа апсолутно шик и кога ги крие килограмите.
Ваквите кроеви се сѐ попопуларни, а комбинацијата на длабоко здолниште и пократок топ, изгледа многу моќно. Освен што се во тренд, овие парчиња визуелно создаваат фигура на песочен часовник.
Ваквото здолниште, поради подлабокиот крој, ги крие сите недостатоци на струкот, а сите облини доаѓаат до израз. Токму затоа, вака облечена, секоја жена изгледа женствено и послабо.
Поради овој дезен, целата комбинација изгледа поинтересно, а од друга страна, доволно е суптилен, па нема да направи фигурата да изгледа покрупно. Без дилема, овој стајлинг вреди да се ископира.
Доколку не сакате да го истакнувате стомакот, можете да облечете само црна маица оздола и понатаму ќе изгледате одлично.