ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 16 јануари (понеделник): Терезиите ги очекува деловна понуда, Лавот е напнат, а ТИЕ ќе запознаат интересна личност!

Астро-прогноза

Дневниот хороскоп за 16 јануари 2023 година на сите им носи некакви предупредувања, но и убави вести. Прочитајте што му порачуваат ѕвездите на вашиот знак!

ОВЕН

Работа: Овните ги очекува одличен работен старт. Колегите би можеле да ви дадат нови идеи и добри предлози за соработка. Подготвени се да се потрудат повеќе од вообичаено, а ќе имате поддршка и од авторитетите.

Љубов: Постои голема веројатност дека ве очекува многу интересно ново познанство. Бидете подготвени да го прифатите љубовниот предизвик.

Здравје: Одлично.

БИК

Работа: Почетокот на седмицата можеби нема да ви изгледа онака како што сте планирале, но постои позитивно решение што ќе ви даде дополнителна мотивација. Постои можност за добар деловен договор, сосема неочекувано.

Љубов: Ова е позитивен ден за сите видови собири, дружења со пријателите и драгите луѓе. Може и во домашна варијанта, па ете можност да ги поминете заедничките мигови во добра атмосфера.

Здравје: Можни се метеопатски реакции.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Почетокот на седмицата им носи извесни предупредувања на Близнаците, кочници во некои работи што не зависат од вас. Немојте да се грижите, сè ќе се реши.

Љубов: Ве очекува одличен ден ако сте планирале некое пократко патување или заедничко излегување. Уживајте!

Здравје: Многу добро.

РАК

Работа: На самиот старт Раковите би можеле да почувствуваат притисок поради зголемениот обем на работа. Обрнете внимание на евентуалните пропусти и грешки, работете според приоритетите и нема да имате причина за загриженост.

Љубов: Вашето променливо расположение не влијае позитивно врз комуникацијата со саканата личност. Сменете нешто во вашето однесување.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

ЛАВ

Работа: Почетокот на седмицата им носи немир и напнатост на Лавовите, поради заостанувањето со некои обврски. Не ви преостанува ништо друго освен да се фатите за работа за да одбегнете критики.

Љубов: Веќе извесно време ве следи чувството дека не можете да промените ништо и да ја подобрите комуникацијата со саканата личност. Почекајте поповолен момент за поконкретни потези.

Здравје: Можна главоболка.

ДЕВИЦА

Работа: Многу напнат и брз почеток на работната седмица ги очекува Девиците. Нема причина за загриженост, сè се постигнува со добра организација.

Љубов: Вие на своја, а партнерот на друга страна и никако да се усогласите и поврзете во текот на денов.

Здравје: Растоварете се на поле на психа.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Почетокот на седмицата може да ви донесе контакти со бројни соработници, но и нови деловни понуди или соработки.

Љубов: Обидете се да се соочите со потенцијалните сомнежи што ве мачат. Бидете искрени.

Здравје: Можна несоница.

СКОРПИЈА

Работа: Многу добар работен почеток ги очекува повеќето типични Скорпии. И покрај зголемениот обем на обврски, се очекува сè што ви е зацртано да го завршите на време и како што сте планирале.

Љубов: Внимателно сослушајте ја другата страна, имајте трпение и покажете разбирање иако можеби не го мислите тоа. Некогаш така е полесно.

Здравје: Покрај заморот, нема позначајни предупредувања.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Малку полесен ритам во однос на претходната седмица ќе ги следи Стрелците. Од вас ќе се очекува педантност, посветеност на тоа што го работите и високо ниво на професионализам, што, секако, вие ќе можете да го исполните.

Љубов: Можно е да се соочите со критики од страна на саканата личност, која е незадоволна од вашето однесување и вниманието што го добива.

Здравје: Алергиски реакции на кожата.

ЈАРЕЦ

Работа: Многу промени во работниот процес се актуелни моментално и тешко е да се следат, но сето тоа е минливо. Бидете трпеливи, ненаметливи и ќе успеете да завршите сè, без многу нервирање.

Љубов: Бидете посветени на негувањето добри партнерски односи, планирајте некои заеднички активности и вложете ја сета енергија за да ѝ угодите на саканата личност.

Здравје: Исфрлете го стресот преку физичка активност.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекува зголемен обем на обврски, па потребно е што подобро да се организирате. Исто така, некои идеи од претходно што не ви биле прифаќани од разни причини, сега би можеле да добијат зелено светло.

Љубов: Би требало да се потрудите да ја намалите нервозата и повеќе да се насочите кон квалитетна комуникација со саканата личност.

Здравје: Проверете ја работата на ендокриниот систем.

РИБИ

Работа: Добар почеток на работната седмица ги очекува типичните Риби, без поголеми предизвици ќе ги завршат сите свои зацртани обврски, кои ќе ги имаат многу.

Љубов: Доколку сте задоволни од моменталниот партнерски однос, уживајте и искористете ги поволните аспекти за да си посветите што повеќе време еден на друг. Доколку, пак, не сте задоволни, размислете да промените нешто.

Здравје: Стрес, нервоза.

Еве какви се ЈАНУАРСКИТЕ ДЕЦА: Има голема разлика меѓу ЈАРЦИТЕ и ВОДОЛИИТЕ, но имаат единствена карактеристика!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.