Хиџама, менување на крвната плазма, оброк од памук и сок… Бизарни третмани на познатите

Трпи бабо за убавина! И дедо!

Часови на операционата маса и високи суми – сè за убавина!

Познатите личности често, незадоволни од својот физички изглед, подлегнуваат на естетски корекции или третмани кои прават да изгледаат помлади и поубави.

Иако жените се познати по вечната потрага по еликсирот на младоста, и мажите прибегнуваат кон различни методи за подобрување на својот изглед.

Еден од најпознатите пејачи на сите времиња Мајкл Џексон е рекордер кога станува збор за ваквите процедури. „Кралот на попот“ имаше дури стотина естетски корекции, а „под нож“ првпат легна во 1979 година! Потоа, многумина тврдат дека станал зависен од интервенциите. Најбизарната процедура што ја направил е избелување на кожата.

Фото: Getty Images

Јавните личности на нашите простори засега не отишле толку далеку, но некои од нив сè почесто прибегнуваат кон многу чудни и непријатни третмани.

Пејачката Ана Николиќ уште откако се појави на јавната сцена важи за фатална дама. Таа се пофали дека за младешкиот изглед на кожата на лицето е заслужна нејзината крв, буквално. Редовно ѝ ја инјектираат во лицето, а таа не е единствената која на јавната сцена прибегнува кон оваа терапија, позната како PRP-третман за подмладување со сопствена крвна плазма.

За овој третман се одлучија и Сузана Манчиќ, Лепа Брена и најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан.

Многу познати личности од светот на музиката, спортот, актерството и други сфери го испробале третманот познат како „хиџама“ – метод на локално пуштање крв за да се елиминира токсичната содржина на поткожното ткиво.

По многубројните скандали кои го снашле, пејачот Дарко Лазиќ одлучил да направи интервенција, со која пред него многу познати личности се обиделе да го решат проблемот со зависноста. Во Швајцарија ја сменил крвта, а како што беше кажано и наведено, за оваа интервенција издвоил 25 илјади евра.

Во борбата со килограмите, познатите личности посегнуваат по разни методи и естетски процедури, а многу манекенки користат бизарна диета за да не се здебелат – јадат памучна волна натопена во сок.

За да се ослободат од вишокот килограми, Тања Савиќ, Ана Николиќ, Стоја, Тони Цетински и многу други подлегнале на липосукција во одредена регија, а Данијела Враниќ направи липосукција на целото тело, поради што потрошила дури седум часа на операционата маса.

Од друга страна, оние кои беа малку похрабри заради својата тежина отидоа под нож за да го „иссечат“ желудникот.

Тоа го направија Индира Арадиновиќ Инди и Дарко Лазиќ, чиј татко Милан Лазиќ, за жал, почина по оваа операција.

Колегата Слоба Васиќ вгради балон во желудникот.

Старлетите Ана Кориќ, Тамара Ѓуриќ и пејачката Мина Костиќ се дел од дамите кои ги отстранија таканаречените слободни ребра за да го намалат обемот на половината драстично.

Инаку, Мина стави силикони во листовите, усните, па дури и во мускулите на рацете.

За да ги направат своите облини што е можно попривлечни, Неда Украден и Светлана Цеца Ражнатовиќ вградија силиконски импланти во задникот, додека Маја Беровиќ и старлетата Тамара Ѓуриќ инјектираа филери во задникот, а поради алергиска реакција, животот на „силиконската кралица“ висеше на конец.

Tamara-Đurić

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.