Не е сè во парите: Познати личности кои не се плашат да носат евтина облека (ФОТО)

Познатите личности со сопствен пример докажуваат дека стилизираниот изглед не мора секогаш да чини цело богатство, а победничките модели може да се најдат и на закачалките на популарните, евтини брендови.

Ако некој знае како да креира победничка комбинација со фустан кој едвај чини неколку долари, тоа е поранешната војвотка од Кембриџ, сега принцезата од Велс – Кејт Мидлтон.

Имено, целиот свет зборуваше за нејзиниот син фустан од Зара во кој се појави ден по венчавката. Овој фустан ја чинел само неколку илјади денари.

Kate Middleton u haljini iz ZareДруга жена која ја пропагира идејата за нискобуџетна елеганција е поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама. Сопругата на претседателот не криеше дека сака да ги поддржи жените за време на економската криза. Таа даде пример дека не треба да имате многу пари за да се облекувате стилски.

Најисплатливиот избор на Мишел беше фустан со апстрактен принт од GAP, кој го облече во летото 2011 година за прошетка со својот сопруг. Цената на ова парче во тоа време беше околу триесет долари. Благодарение на првата дама, некои модели на фустани ASOS, H&M, Zara станаа бестселери.

Ако за овие дами може да се каже дека штедат од политички или етички причини, Џеј Ло нема апсолутно никаква причина да не носи исклучиво дизајнерски парчиња. И најчесто така права. Но одвреме-навреме можете да ја видите во фустан на ASOS, кој чини само неколку десетици долари.

Foto: GlamourВо еден таков таа дури се појави и во една епизода од познатото шоу „Идол“, кое го гледаат милиони во Америка.

Истото го направија и низа други ѕвезди: Селена Гомез се појави во фармерки од 15 евра, додека Џесика Алба сака да носи парчиња од H&M и Topshop.

Приказната за првото гостување на Канскиот фестивал на поранешната очајна домаќинка, Ева Лонгорија, веќе стана легендарна. Ева отворено кажа дека избрала фустан за Канскиот филмски фестивал од  20 долари. Важно ѝ било само фустанот добро да ѝ стои.

Eva Longoria

Текст: Хана Дунѓеров

Фото: Getty Images, Printeres, WPA Poll, Galmour

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.