2 лесни вежби за мозокот што го изоструваат умот: Го подобруваат помнењето и го намалуваат ризикот од деменција во староста

Вежби за мозокот

Овие две вежби за мозокот, кои го подобруваат помнењето и ја забрзуваат работата на мозокот, може да се прават секој ден, а многу се едноставни

Исто како што се важни вежбите за телото, така и вежбите за мозокот се многу значајни. Доколку секој ден го тренираме умот, ќе почувствуваме бројни придобивки, а освен што ќе ја подобриме неговата функција, ќе ја зголемиме интелигенцијата и ќе го забавиме стареењето.

Две вежби за мозокот:

1. Тестирајте го вашето помнење. Направете список на намирници, емоции, работи што треба да ги направите или што било друго што ќе ви падне на памет, и обидете се да ги запомните. По еден час, тестирајте се себеси на колку работи од списокот можете да се сетите. Листата нека биде што подолга, со повеќе ставки, за да се стимулирате ментално дополнително. Едно мало истражување покажало дека пишувањето и организирањето листи и списоци им помага на повозрасните лица поефикасно да се присетат на одредени работи ако имаат проблеми со помнењето.

2. Нацртајте мапа по сеќавање. Откако ќе се вратите дома по посета на ново место, обидете се да нацртате мапа од подрачјето по сеќавање. Повторувајте ја оваа вежба секогаш кога ќе одите на некое ново место. Едно истражување што се фокусирало на лондонските таксисти (од кои се очекува да го запомнат комплицираниот изглед на градот), покажало дека возачите кои успешно ја запомниле мапата на градот, покажале трајни промени во структурата на мозокот и подобри когнитивни функции.

Мозокот можете да го вежбате и така што ќе учите песни напамет или ќе се присетувате на некои цитати, но не треба да заборавите дека за менталното и физичкото здравје еднакво важни се и позитивните мисли што треба да ги негувате во вашиот ум.

Откријте зошто треба да го тренирате мозокот и со какви вежби можете да го правите тоа секој ден
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.