Откријте зошто треба да го тренирате мозокот и со какви вежби можете да го правите тоа секој ден

За подобра меморија

Фото: Pexels

Деловните експерти тврдат дека најскапиот збор во деловниот свет е „заборавив”.

Експертот Џим Квик наскоро ќе објави книга „Limitless” во која зборува за оваа тема и објаснува како да се стимулира мозокот и продуктивноста. Квик тврди дека е „тренер на мозокот“ и работел со голем број на познати личности како актерот Вил Смит и со директорите на „Гугл“ и „Најк“. Тој верува дека можностите на човечкиот мозок се неограничени, а клучот за тој потенцијал лежи во обуката на меморијата.

За подобра меморија, Квик советува да започнете да го тренирате мозокот како мускул. Еве неколку совети како да го зајакнете:

Тренирајте го мозокот

„Ако не го сфаќате мозокот како мускул, веројатно го гледате како сад и имате впечаток дека е полн. Тоа е дигитален пад, кога нашите мозоци стари 200.000 години се преплавени и пренасочени кон експоненцијалното подобрување на технологијата“, вели Квик и поради тоа советува секоја недела да издвоите половина час во кој ќе ги исклучите сите уреди и ќе се обидете да го научите телефонскиот број на лицето со кое редовно комуницирате. Иако се чини како мала задача, тоа ќе му помогне на мозокот да добие и да обработува повеќе информации.

„Колку можете да научите зависи од тоа што научите“, објаснува тој.

Хранете го мозокот

Храната за која е докажано дека му помага на мозокот да функционира подобро се: авокадо, бобинки, брокула, јајца, зелен лиснат зеленчук, лосос, темно чоколадо, кокосово масло, куркума и вода. Токму овие намирници Квик ги препорачува на своите читатели, изјавувајќи дека дури и помнењето на овој список е еден вид тренинг на мозокот. Ако ви е тешко да ја запомните сета храна, обидете се со техника што тој самиот ја смислил:

  • Визуелизирајте го местото каде што стои храната
  • Создадете слика што оди со таа храна
  • Во вашиот ум, поврзете ги местото и сликата

Конкретно, ако сакате да запомните дека бобинките се здрави за мозокот, замислете како излегуваат од носот. Ако сакате да додадете лиснат зеленчук, замислете го кељот како перничиња за рамениците.

„Ако таа слика ве насмее, ќе ја паметите. Детскиот став и разиграноста помагаат најдобро во учењето. Кои се најдобрите студенти? Па, децата“, објасни тој.

Решавајте проблеми во сон

Друг тренинг на мозокот е ако решите проблеми во спиењето.

„Дали некогаш сте поставиле аларм и потоа сте се разбудиле пред да се вклучи? Ако можете да го обучите вашиот мозок да го стори тоа, запрашајте се што друго може да направи додека спиете“, вели Квик.

Начинот на кој ќе ги решите проблемите во спиењето за Квик е многу едноставен. Изберете го проблемот што сакате да го решите пред спиење, а наутро присетете се на сè и уверете се дека имате решение за вашиот проблем. Ако сте го решиле проблемот во сон, сигурно ќе го забележите решението веднаш. Тренинг за мозокот е исто така запомнување на вашиот сон.

Ослободете се од негативноста

Вежби за медитација и дишење помагаат при вознемиреност. Научните студии покажаа дека хроничниот стрес буквално го смалува мозокот, така што Квик ве советува да се борите против негативните мисли и стресот.

„Опкружете се со позитивни колеги и ова ќе помогне да ги ублажите вашите негативни ставови“, советува тој.

Прочитајте и: Проверете го здравјето на мозокот за 20 секунди: Овој јапонски тест открива колкав е ризикот од мозочен удар!

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.