Проверете го здравјето на мозокот за 20 секунди: Овој јапонски тест открива колкав е ризикот од мозочен удар!

Едноставно а многу важно

За овој тест не треба да одите на лекар, сѐ што треба е да станете

Мозокот има клучна улога во здравјето на човекот, па многу е важно да го заштитиме.

Ако дојде до оштетување на крвните садови во мозокот, на човекот му се заканува мозочен удар. По мозочниот удар, погодениот дел на мозокот престанува да функционира, па доаѓа до невролошки испади.

Јапонските научници смислиле еден тест кој на едноставен начин може да процени колкав е ризикот да доживее мозочен удар кај еден човек.

Имено, станува збор за тест со одржување рамнотежа на една нога, за кој се верува дека е многу добар показател за веројатноста од мозочен удар.

Јасухару Табара од Универзитетот Кјото, со своите колеги водел истражување во кое учествувале 1.300 испитаници во просек на возраст од 67 години. Сите испитаници добиле задача да стојат на една нога, со отворени очи и да одржуваат рамнотежа во таа положба околу 20 секунди.

Овој тест се базира на идејата дека одржувањето рамнотежа е најдобриот показател за функционалноста на мозокот.

Луѓето кои не можат да го издржат тоа, треба да одат на лекар, освен ако не постои некоја друга телесна причина за тоа (како на пример, повредена нога).

Откако било проверено здравјето на нивниот мозок, резултатите покажале дека повеќе од 30% од испитаниците кои се мачеле да одржат рамнотежа имале различни проблеми во мозокот, како на пример, задебелени капилари.

Овој тест е одобрен од страна на научници и лекари.

Иако и претходно постоеле истражувања кои ги поврзувале проблемите со рамнотежата со можни абнормалности на мозокот, ова е првиот тест кој го дал точното време за кое може да се одреди што е нормално, а што не, со што се зголемува прецизноста на тестирањето.

Пијте го овој сок секој ден и ќе го намалите ризикот од мозочен удар!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.