Пијте го овој сок секој ден и ќе го намалите ризикот од мозочен удар!

Важно е да знаете!

ФОТО: Shutterstock

Отсекогаш се верувало дека цедените сокови се одлични за здравјето, а експертите сега откриле дека се и одлична превенција за срцевите болести

Свежиот сок од портокал изобилува со витамини и минерали и се смета за добар сојузник на здравата исхрана.

Здравствените придобивки од консумирањето на овој сок се големи, почнувајќи од јакнењето на имунолошкиот систем, па се’ до спречување на ризикот од појава на тумор.

Едно истражување објавено во British Journal of Nutrition покажало дека ако консумирате цеден сок секој ден, ќе го намалите ризикот од мозочен удар за една четвртина.

Во истражувањето учествувале 35.000 мажи и жени на возраст од 20 до 70 години, а резултатите утврдиле дека луѓето што го пијат сокот секој ден имаат помал ризик од згрутчување на крвта во мозокот за 24 отсто. Се покажало и дека зачестеноста на срцеви заболувања е помала кај луѓето кои редовно го консумираат, бидејќи имаат 12 до 13 отсто помал ризик од оштетување на артериите.

Отсекогаш се верувало дека свежо цедените сокови се одлични за нашето здравје, а во последните години започнаа дебати за тоа колку тие навистина се добри поради количината на шеќер што ја содржат.

Но експертите сметаат дека неговото дејство на превенцијата од мозочен удар е поважна од количината на шеќери во тие сокови.

Сепак, научниците советуваат дека подобро е да јадете свежо овошје, бидејќи содржи повеќе хранливи материи, кои се одлична превенција за срцевите болести.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.