Оваа земја има 95 милиони жители, а ниту една жртва од коронавирус: Еве што тие направиле поинаку од остатокот од светот!

Најстрога контрола

Во оваа земја забележани се вкупно 270 случаи, од кои 222 се веќе излечени

Виетнам е земја која брои повеќе од 95 милиони жители, но кај нив досега се забележани вкупно 270 лица позитивни на коронавирус, од кои 222 веќе оздравеле.

Уште поневеројатно е тоа што во оваа земја досега никој не починал од последиците на ковид-19. Како е тоа возможно?

Еве што направиле Витнамците поинаку од остатокот од светот!

Олку добар резултат Виетнам има благодарение на строгиот надзор на лицата со кои заразените биле во контакт и масовното тестирање (повеќе од 210.000 тестови дневно), особено во подрачјата кои биле оценети како високоризични, веднаш по избивањето на епидемијата во Вухан.

Виетнам целосно го сопрел првиот бран на вирусот од Кина, помеѓу другото и благодарение на строгата контрола на патувањата во Кина и враќањето на Виетнамците во татковината кои имале симптоми на коронавирус.

На докторите во оваа земја моментално најважна им е битката за живот на три критични пациенти кои се наоѓаат на респиратор.

Нов Зеланд најдобро се справува со коронавирусот: 1.200 заразени, 1 починат и 300 оздравени благодарение на ова!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.