Запознајте го најдобриот директор на светот: Секоја година на работниците им подарува станови и автомобили – еве зошто!

Неверојатен човек

Во само една година, на вработените им подарил 400 станови и речиси 1.300 автомобили

Луѓето кои работат за индиската компанија Hare Krishna Exports, која се занимава со извоз на дијаманти, сигурно засекогаш ќе ја помнат прославата на националниот празник Дивали во 2014 година – нивниот директор и сопственик на компанијата Савџи Долакија на најдобрите работници им подарил вкупно 400 станови и 1.260 автомобили.

Поради овој потег, тој ја добил титулата најдобар директор на светот.

Долакија важи за исклучително богат човек со интересен поглед на светот, но и однос кон работниците. Неговата фирма успешно работи во дури 70 земји, но тој е свесен дека сиот тој успех им го должи на своите вработени, па богато ги наградува за трудот и работата.

Овој дарежлив директор им ветил на своите вработени дека во текот на годината сите ќе добијат станови и автомобили. Минатата година, неговата фирма издвоила пари за 600 нови автомобили на работниците.

Овој милијардер има нетипичен пристап и кон своите деца. Имено, тој е многу строг, но праведен татко. На пример, неговиот 21-годишен син морал сам да најде работа, татко му му давал џепарлак кој му ги задоволувал само основните потреби, за да го научи на вредноста на парите и важноста на трудот и работата.

„Доаѓам од богати и многу привилегирано семејство, чии членови се навикнати да добиваат сѐ што ќе посакаат, без оглед на цената. За да работам успешно, сфатив дека морам да откријам и да разберам како живеат просечните луѓе. Решив да им помогнам малку со подароци. Никој не заслужил да живее без свој стан. Сето тоа ми беше важно за да ја разберам сопствената вредност и способност за разбирање на другите луѓе“, открил овој несебичен милијардер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.