Јелена Карлеуша откри како ги контролира ќерките: „Се претворам во Крис Џенер“
Еве како ќе ги „материјализира“
Јелена Карлеуша (41) е свесна дека нејзините наследнички Атина (11) и Ника (10) дефинитивно се движат по стапките на популарната мајка. И самата вели дека девојчињата имаат своите социјални мрежи на кои се истакнуваат.
Ника е популарна на Инстаграм, а Ника на Тик-ток. Тие се новата генерација“, вели поп-пејачката во разговорот за позната ТВ-емисија, откривајќи како ги „контролира“ своите наследнички:
Јас никогаш не ги криев децата, но, од друга страна, доста ги контролирам. Се случува да добијат некој лош коментар, па веднаш им се јавувам или сама го бришам. Луѓето не сфаќаат дека моите деца се, сепак, само деца. Иако се ќерки на Душко и мене, имаат 11 и 10 години, мали се. Така што, сè што објавуваат на мрежите е наивно, детски. Но, секако, во иднина, како што растат, така и јас посериозно ќе се позанимавам со содржината што ја објавуваат“, раскажа популарната пејачка.
Освен тоа, ЈК откри дека би сакала нејзините наследнички во иднина да се занимаваат со музика.
Многу би сакала да се занимаваат со музика бидејќи и двете пеат фантастично. Многу се музикални и убави. Мислам дека Атина ќе биде згодна и висока, вистински манекенски тип, и сметам дека би била успешна во манекенството. Изгледа се претворам во Крис Џенер“, се пошегува поп-пејачката, која неодамна одржа спектакуларен онлајн-концерт.
Фото: ATA Images