Актерката открива како изгледа нејзиниот живот како самохрана мајка на 3 ќерки: Најмалата е родена со Даунов синдром

„Совршена е!“

Ја гледавме во популарната ТВ-серија „Вовед во анатомија“, а таа неодамна го споделила своето искуство како самохран родител на дете со посебни потреби

Ѕвездата од серијата „Вовед во анатомија“, Катерина Скорсоне, неодамна го споделила своето искуство како самохрана мајка на ќерка со Даунов синдром. Признала дека на почетокот се плашела, но подоцна ја согледала сета убавина во разликите помеѓу нејзините ќерки.

Оваа 41-годишна актерка, која е позната по улогата на доктор Амелија Шепард, се има соочено со многу лични борби надвор од својата кариера. Во 2020 година се развела од својот сопруг Роб Гилс, со кого добила три деца. Со крајот на 12-годишниот брак, Катерина останала самохрана мајка на своите три ќерки Елиза, Пипа и Лаки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caterina Scorsone (@caterinascorsone)

Нејзината ќерка Пипа е родена со Даунов синдром.

„Кога се роди ќерка ми Пипа, бев исплашена. Не знаев ништо за Даунов синдром, апсолутно ништо. Освен тоа дека луѓето се плашат од него, па мислев дека и јас би требало да се плашам“, рекла таа.

Меѓутоа, додека се грижела за својата прекрасна ќерка, на крајот сфатила дека нејзините првични стравови биле неосновани, бидејќи раѓањето на Пипа отворило нова врата во нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caterina Scorsone (@caterinascorsone)

„Не постои стандардно, објективно, совршено човечко суштество. Мерилата за совршенство се произволни и наметнати. Мојата ќерка е совршена. Токму таква каква што е“, вака актерката ја објаснила својата нова перспектива.

Поврзувајќи се со други семејства кои имале деца со различни потреби, актерката се нашла во љубезна и топла заедница која ја дочекала со раширени раце и ѝ помогнала околу нејзиното искуство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caterina Scorsone (@caterinascorsone)

„Не знаев како семејството може да изгледа и да сака додека не влегов во заедница на лица со инвалидитет и запознав други семејства кои сакале и вклучувале лица со Даунов синдром“, објаснила таа.

Во едно претходно интервју од 2019 година, каде што зборувала за родителството, рекла дека да се има деца значи дека „ништо веќе не е во твоја контрола и мораш да се справиш со сето тоа што се случува“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caterina Scorsone (@caterinascorsone)

Нејзиниот нов поглед кон родителството и нејзината врска со ќерка ѝ ја објаснува вака:

„Пипа е совршена токму таква каква што е. И ти си, а и јас сум. Единствениот начин да го изгубиме тоа совршенство е да го побараме на друго место.“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.