Познатиот актер се ожени со девојка која е генерација со неговата ќерка: Иако има рак на белите дробови, тој не крена раце! (ФОТО)

Браво!

Шведскиот филмски актер Долф Лундгрен (65) се ожени со својата долгогодишна партнерка Ема Коркдал (27), на романтична церемонија на Миконос, јавуваат странските медиуми.

Среќните младенци ја потврдиле информацијата за „People“ и откриле дека повеќе пати морале да ја одложуваат венчавката.

„Одлучивме да ја прославиме нашата љубов во нашата вила на Миконос, со нашето семејство и неколку блиски пријатели. Двајцата имавме ковид и долго се лекувавм, па моравме да ги одложиме плановите“ – истакнал парот.

Инаку актерот позади себе има доста тежок период, со оглед на тоа дека во 2015 гдина му беше дијагностициран рак на белите дробови. По успешното лечење, канцерот му се врати во 2020 година, а докторот му рекол дека има уште две до три години живот. Меѓутоа, потоа побарал и друго мислење и докторот му кажал дека туморот се намалува.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.