Таа е новата МИС УНИВЕРЗУМ за 2023: Ги воодушевила сите со изгледот и кариерата, а поради ОВА влегла во историјата!

Неодоливо харизматична

Новата Мис Универзум е Американката Арбони Габриел, има 28 години и по занимање е модна креаторка

Синоќа во Њу Орлеанс се одржа престижниот натпревар во убавина, па по 71. пат беше одбрана Мис на универзумот. За ласкавата титула се бореле 80 жени ширум светот, но круната отишла во рацете на Арбони Габриел од Америка. Имено, оваа убавица влегла во историјата во декември 2021, како првата Американка со филипинско потекло што ја освоила титулата Мис Тексас САД.

За прва придружничка била прогласена Аманда Дудамел од Венецуела, а втора придружничка била Андреина Мартинез од Доминиканска Република.

Која е новата Мис Универзум?

Арбони Габриел е родена во Хјустон во 1994 година, а по занимање е модна креаторка, моделка и инструкторка по шиење. Стекнала диплома по моден дизајн на Универзитетот Норт Тексас.

„Татко ми се пресели во Америка од Филипини со стипендија за факултет и со околу 20 долари во џеб. Сакал сам да си создаде пат за нов живот. Во Тексас ја запознал мајка ми, селска жена од Бемонт. Јас сум многу горда филипинска Тексашанка“, изјавила таа во октомври 2022 година.

Кога влегла во топ трите, имала многу оригинален одговор на прашањето што би направила во случај да победи.

„Би го искористила тоа за да бидам лидер кон промени. Како многу страстен дизајнер, шијам веќе 13 години и ја користам модата како извор на добра енергија. Во својата индустрија имам дадено придонес за намалување на загадувањето, бидејќи правам облека од рециклирани материјали. Им држам часови по шиење на жени кои биле жртви на семејно насилство и трговија со луѓе.“

Таа смета многу е важно да се инвестира во другите.

„Ова го кажувам за да истакнам колку е важно да се вложува во другите, во нашата заедница и да се искористат своите единствени таленти за да направиме разлика. Сите имаме нешто посебно во себе, и кога ќе го посадиме тоа семе во другите луѓе во нашиот живот, ние го користиме како средство за промени и ги менуваме сите околу нас“, истакнала оваа убавица.

А многумина сметаат дека токму овие зборови ѝ помогнале да ја освојат титулата Мис универзум.

„Воинот на светлината“: Украинската мисица се појави со меч во раце (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.