Дакси, дерматокс, ренува, скулптра… Нови играчи на полето на убавината

За што станува збор?

Иднината на минимално инвазивните козметички третмани е најсветла (а и затегнатоста е најцврста!) досега. Ви претставуваме краток пресек, кој ќе ве упати што е ново, а што ќе следува допрва.

ДАКСИ е кратенка од Daxibotulinumtoxin, ќе биде првиот невромодулатор што ќе ги намалува контракциите на мускулите на лицето без употреба на човечки или животински компоненти, како што се животински протеини.

ДЕРМАТОКС е нов невромодулатор е прочистен отров, кој е хемиски сличен на ботоксот, но наместо целење и измазнување на одредени линии (на пример, оние меѓу веѓите), дерматокс има цел да ја направи кожата на лицето пополна и поблескава.

РЕНУВА е стимулатор на ткивата во чиј состав се хуман фактор на раст, колаген и протеини, ренува создава под кожата мрежа како саќе, која потоа се полни со сопствената маснотија и стимулира производство на нови масни клетки.

СКУЛПТРА содржи полимлечна киселина (PLLA) (суспендирана во физиолошкиот раствор), која го поттикнува организмот да произведува сопствен колаген. Се користи за обликување на линијата на вилицата и на јаболчните коски, како и пополнување на ситните брчки. Меѓутоа, помалку е популарна од хијалуронската киселина, бидејќи за резултатите е потребно време и не се реверзибилни.

ШТО Е НОВО?

ДАКСИ

За разлика од моментално популарните невромодулатори (како ботокс и ксеомин), чии резултати обично се губат по три-четири месеци, експертите велат дека ефектите од дакси ќе траат подолго – од шест до осум месеци. Исто така, ќе биде добра алтернатива за оние што можеби се имуни на дејството на другите невротоксини.

ДЕРМАТОКС

„Наместо да се инјектира во мускулниот слој, дерматокс го погодува ткивото директно под кожата“, објаснува пластичниот хирург Дејвид Шејфер, вработен во компанијата што го произведува дерматокс. Распоредувањето во микрокапки низ целото лице може да помогне во случај на потење, намалено производство на себум, а покрај тоа кожата ќе ја направи освежена и поблескава.

РЕНУВА

Ренува ја враќа загубата на волуменот во деловите на телото што природно содржат повеќе маснотии, како што се образите и надлактиците. Тоа е помалку инвазивна алтернатива за традиционалниот трансфер на масти, кој вклучува собирање на сопствената маснотија со липосукција.

СКУЛПТРА

Додавањето лидокаин неодамна беше одобрено од СЗО, со што скулптра е полесна за инјектирање. А за да се избегне подуен изглед, некои лекари сè повеќе се свртуваат кон скулптра – затоа што таа постигнува природни ефекти (производство на колаген) како и природен изглед.

КАКО ДЕЈСТВУВА?

ДАКСИ

Ќе се применува на ист начин како и традиционалните невромодулатори (преку игла од 30 G до 33 G). Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го заврши тестирањето на ефектот на дакси на брчките меѓу веѓите (глабеларните), оние на челото и околу очите, па се очекува примена во ординациите за дерматологија во текот на следната година.

ДЕРМАТОКС

Инспириран од корејскиот третман наречен кожа-ботокс или мезоботокс, во кој ботоксот не се инјектира во мускулите, туку во кожата, дерматокс ќе се применува со помош на систем сличен на микроигла, кој ја третира кожата со илјадници инјекции во минута. Резултатите се очекува да траат од три до пет месеци. Сè уште е во фаза на истражување – се очекува одобрение од ФДА во следните неколку години.

РЕНУВА

Производот е вискозен и се инјектира со игла со голем дијаметар. Самата ренува се раствора во период од три месеци, но новосоздаденото сало останува на своето место. За повеќето пациенти, резултатите од три третмани со ренува треба да траат најмалку четири години. Веќе се користи во некои земји (САД, Обединети Арапски Емирати, Јапонија…).

СКУЛПТРА

Веднаш по инјектирањето има оток, но тој исчезнува во рок од неколку дена. Потоа, во текот на три до шест месеци, постои постепен ефект на „пополнување“, кој изгледа како да стареете обратно. Резултатите може да траат повеќе од две години.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.