Сочна пита со печурки и праз по проверено добар рецепт на искусни домаќинки: Омилениот дел од трпезата за посни слави!

Неодолива

Питата со печурки и праз е идеална за секој оброк

Питата со печурки и праз е едно од омилените предјадења на славските трпези. Освен тоа, многу е хранлива, а готова е за вкупно 60 минути. Има феноменален вкус, па многу тешко ќе можете да се сопрете кога ќе почнете да ја јадете. Мислиме дека ова се доволно причини за да ја пробате доколку не сте го сториле тоа досега – ви предлагаме проверено добар рецепт за неа!

Состојки:
  • 800 г кори за пита
  • 400 г сечкани, маринирани шампињони
  • 800 г праз
  • 250 мл газирана вода
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • 1 прашок за печиво
  • масло
  • сол и мелен црн бибер
Приготвување:

Празот се сече на тенки полукругови и се пржи во загреано масло во тавче. Се посолува, забиберува и зачинува со мешавина од зачини. Во тавчето со испржениот праз се додаваат шампињоните. Кога и шампињоните ќе се испржат, тавчето се трга од шпорет.

Во подлабок сад се ставаат 250 мл масло, газирана вода и прашок за печиво, па се промешува. Една третина од корите, секоја попрскана со мешавина од масло, газирана вода и прашок за печиво, се редат една преку друга во правоаголна тепсија. На корите се нанесува половина од филот и се покриваат со другата третина од корите, попрскани со мешавина од масло и вода.

Потоа, во тепсијата се нанесува другата половина од филот и се редат преостанатите попрскани кори. Питата се сече на коцки и уште еднаш се попрскува со преостанатата мешавина од масло, вода и прашок за печиво. Тепсијата се става во рерна и се пече 30 минути на 220 степени. Можете да ја декорирате по желба.

Добар апетит!

Овие плетенки од лиснато тесто со сирење ќе им се допаднат и на децата (рецепт)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.