Свински ребра со палента

Вкусно и богато

Овој рецепт е вистинскиот избор за љубителите на месо. Добар апетит!

Потребно е: (за едно лице):

500 г свински ребра, 200 г свинска маст, 70-80 г палента, сол, зачини по желба.

Приготвување: ребрата прво мора два-три часа да одлежат во маринада од маслиново масло, сол, црн пипер и некоја миризлива трева по вкус (босилек, рузмарин, мајчина душица, магдонос…).

Ако во маринадата додадете кечап, подобро одлучете се за босилек и оригано, а со лук добро одат рузмарин и мајчина душица… Важно е да има доволно сол.

Ребрата се вадат од маринадата и се пржат во свинска маст. Кога ќе добијат кора, се префрлуваат во сад во кој ќе ги вариме на пареа за да омекнат.

Штом ќе се сварат, ги враќаме во тавата да се запечат.

Ги сервираме со палента.

Текст: Добра храна

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.