Подзаборавен рецепт од кујните на југословенските хотели: Пилешко со печурки и крем сос (рецепт)

Традиционален вкус кој се памети...

Како во старите добри времиња…

Комбинацијата од вкусно пилешко, арома на печурки и кремаст сос создава вкусен оброк кој ги задоволува сите сетила дури и на најпребирливите гурмани.

Во време на Југославија во многу хотели токму на ваков начин се подготвуваше пилешкото месо во бил сос. Доколку сте уживале барем еднаш во пилешко месо подготвено на ваков начин знаете за каква кулинарска мајсторија станува збор, за останатите ова е рецептот за да го подготвите.

Состојки:
4 пилешки филети
2 супени лажици маслиново масло
2 чаши сечкани печурки
2 чешниња лук, ситно сецкани
1/2 чаша бело вино
1 чаша кисела павлака

Едноставен начин на подготовка:
Во голема тава загрејте го маслиновото масло на средна топлина. Пржете ги пилешките филети од двете страни додека не поруменат. Извадете го пилешкото од тавата и оставете го на страна.

Во истото тавче пропржете ги печурките и лукот додека не омекнат. Додадете бело вино и гответе неколку минути.

Вратете го пилешкото во тавата. Додадете павлака, сол и бибер по вкус.

Гответе на тивок оган 10-15 минути, додека пилешкото целосно не се свари.

Послужете со ориз или пире од компири.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.