Ова беше омилено јадење меѓу Македонците на словенската трпеза! Се служеше во секој дом, но е заборавено со децении (рецепт)

Случајно го најдов рецептот во стариот тефтер во подрумот...

Вакво нешто правеше баба ми!

На празничната трпеза, особено кога славата е мрсна, во 99 отсто од случаите има сарма. Но, како што минуваа годините дојде и до промена на празничното мени, па многу работи се променети во ова современо живеење. Се чини дека сите повеќе практикуваат некои нови специјалитети, заборавајќи ги традиционалните по кои сите лудуваат.

Омилено јадење со ориз на Балканот е пилаф. За време на османлиското владеење тоа било јадење кое не се користело во секојдневната исхрана. Патеписецот Г. Грело тврдел дека пилафот е јадење без кое нема вредност ниту најголемата гозба на светот. Сепак постојат повеќе видови на пилаф, во зависност од состојките кои се додаваат при неговото подготвување. Некогаш, во Македонија, пилафот, заедно со сармата, бил омилено празнично јадење, стои во записите.

Во зависност колкава количина сакате да подготвите така искомбинирајте ги состојките, но запомнете: На еден филџан ориз се потребни три филџани вода.

Рецепт за пилаф
Пилешкото исчистете го, измијте го и исечете го на парчиња, а потоа ставете го месото во ладна солена вода.

Додадете го исчистениот и исечен зеленчук и варете како супа.

На масло пропржете сечкан кромид и лук, додадете ориз и зачинете со сол и бибер. Пропржете го оризот со кромид, додавајќи ја супата. Кога оризот е речиси готов, истурете го во садот за печење, а одозгора наредете ги парчињата сварено пилешко и зеленчук. Печете во рерна загреана на 220 степени.

Печете дваесет минути додека оризот не порумени. Ако сакате, можете да го зачините и оризот со шафран.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.