Оваа посна пица е повкусна од класичната, плус ви помага во оддржувањето на вашата линија!

Ммм...

Ако постите, не мора да се откажете од омилениот италијански специјалитет. Посна пица со зеленчук е совршен спој на вкусови кој може лесно да ве освои , а притоа не дебелее.

Откако ќе пробате посна пица со зеленчук, ќе ја направите и после постот. Нема грешка – само ставете го зеленчукот што го сакате. Ќе бидете сити и фит.

Состојки:

За тестото:

300 гр пченично брашно
1 лажичка сув квасец
1 лажичка шеќер
75 +130 ml топла вода
малку сол

За фил:

100 мл доматно пире
1 голем домат
100 гр печурки по избор
1 мала тиквичка
1 црвен кромид
1 пиперка
зелени или црни маслинки
грст свежа рукола
малку маслиново масло
сол и бибер по вкус

Подготовка:

Измешајте 75 мл топла вода, шеќер и квасец. Добро измешајте и оставете на топло место да стаса квасецот. Додадете сол, брашно и 130 мл вода. Замесете мазно тесто, покријте го со крпа и оставете го да нарасне. Потоа се замесува и се расукува со сукало. Ставете го тестото во набрашнета тава за пица. Намачкајте го доматното пире и одозгора наредете ги сечканиот зеленчук и печурките (освен рукола). Зачинете со сол, бибер и посипете со маслиново масло. Се пече во рерна загреана на 200 степени 25-30 минути. Извадете ја пицата и посипете ја со рукола.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.