Моќниот милијардер растурал бракови сè додека не ја сретнал 32 години помладата тенисерка: Го научила што е вистинска љубов

Кој е сопругот на Моника Селеш?

Моника Селеш веќе 15 години ужива во бракот со 3 децении постариот бизнисмен Томас Голисано

Тенисерката Моника Селеш беше спортистка на која ѝ прогнозираа историски успеси, поради нејзините вонсериски резултати. На теренот беше незапирлива, сите му се воодушевуваа на нејзиниот начин на игра, бидејќи поразот за неа никогаш не беше опција.

И којзнае до каде ќе стигнеше оваа неверојатна жена, ако не ѝ се променеше судбината еден пролетен ден во Хамбург. Имено, опседнат навивач на Германката Штефи Граф ѝ се прикрал зад грб и ја забодел со нож.

Подоцна било утврдено дека Гинтер Пархебио бил психички неурамнотежен, а по шест месеци притвор, бил осуден на две години условна казна со задолжително лечење. Починал во април оваа година.

Таа беше запаметена и како најмладата тенисерка што го освоила Ролан Гарос, и тоа на само 16 години. Моника во моментот кога била нападната имала само 19 години и неверојатни 9 гренд-слем титули зад себе. Била на добар пат да стане најдобрата тенисерка на сите времиња, но бруталниот напад влијаел врз неа и физички и психички.

Покрај поради блескавата кариера, Моника често била во центарот на вниманието на јавноста поради своите љубовни избори, а конечно се смирила во 2009 година, кога запловила во врска со милијардерот Том Голисано, кој е 32 години постар од неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Golisano (@tomgolisano)

Се запознале на натпревар на Бафало Саберс, чиј сопственик бил тој во тоа време. Во моментот на судбоносната средба, поранешната тенисерка имала 41, а познатиот милијардер имал 71 година. Љубовта ја крунисале со брак во 2014. и оттогаш живеат во хармонична заедница на Флорида, без никакви скандали.

Селеш тогаш првпат го кажала судбосносното „да“, додека Голисан зад себе има три брака и две деца. Том го стекнал богатството како основач на една од најголемите компании за исплата на лични приходи, а еден период бил и сопственик на хокејскиот клуб Бафало Саберс.

Познатиот бизнисмен се занимавал и со политика и трипати неуспешно се кандидирал за гувернер на Њујорк, во 1994, 1998 и 2002 година. Голисано е познат филантроп и сопственик на фондацијата „Голисано“, која поддржува програми за лица со интелектуални нарушувања.

Врската на некогашната тениска шампионка и бизнисменот уште од почетокот била интригантна за јавноста, поради разликата во годините, но и поради неговото богатство, кое се проценува на повеќе од 2 милијарди долари. Но со оглед на тоа што и самата Моника има околу 75 милиони на својата сметка, изгледа дека сепак станува збор за вистинска љубов.

Ова е сопругата на Мартина Навратилова (65): Јулија (49) имала ужасен живот пред да се ожени со тенисерката!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.