Како да го направите совршениот посен ручек? Овој рецепт со риба ќе ве освои од прва подготовка!

Мора да го пробате ова јадење!

Дури и оние на кои вообичаено не им се допаѓа специфичниот мирис или вкус на рибата, со задоволство ќе ги јадат овие ќофтиња! За подготовка ви треба само половина час, а можете да ги комбинирате со разни манџи.

Состојки:

1 кг филе ослич
300 гр варени компири
50 грама брашно
сол, бибер
магдонос
праз

Подготовка:

1. Компирите, како и рибата сварете ги, па сè убаво изгмечете или сомелете за да добиете компактна смеса. Пред да направите пире, проверете уште еднаш дали има останати коски во осличот.
2. Додадете брашно, бибер и сол, па презла и праз. Сè убаво измешајте и формирајте ќофтиња.
3. На маслиново масло се пржат ќофтињата додека да добијат темно златна боја.
4. Ќофтињата од риба може да се послужат со сос од домати, салата, или  посно пире од компири.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.