Пуслици – тајната на баба

Толку класичен, но сепак толку едноставен десерт!

Овие крцкави и вкусни слатки се лесни и воздушни, па ќе сакате да ги направите повторно. Слатки, лесни и привлечни за гледање. Исто така можете да ги користите како украс на торти или други десерти за да постигнете посебен ефект.

Потребно e (за 2-3 лица):

2 јајца, 1,5 дл млеко, 50 г шеќер, 3 кесички ванилин-шеќер, 50 г брашно, плазма-кекс.

Приготвување: прво се одвојуваат белките од жолчките. За да добиеме поцврста смеса, во белките додаваме лажиче сол.

Со лажица црпиме од смесата и ја спуштаме во млеко што полека врие.

Дното на садот во кој ќе ги служиме пуслиците го поросуваме со плазма-кекс. Над него ги ставаме сварените пуслици, а задачата на кексот е да го впие млекото што се слева од нив.

Кога целата смеса е сварена, ги матиме жолчките, ванилиниот шеќер и брашното.

Смесата ја ставаме во зовриено млеко и брзо мешаме за да не се создадат грутки. Штом ќе почне да врие, тргаме од оган и мешаме уште 5 минути.

Со тој крем ги полеваме сварените белки и пред сервирање десертот го држиме два-три часа во фрижидер.

Совет-плус: и зошто да не ги правите во различни бои?! Можете да ја промените бојата ако додадете некој вкус или ако додадете боја за храна или на екстракт кога ги матите белките.

Текст: Н. Човиновска

Фото: gorenje.com.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.