Kако да бидете заводница на потпетици и мачка во чизми

Моден фетиш... Чевли, се разбира!

Легендарната Коко Шанел постави ново правило: едноставен црн фустан во комбинација со потпетица од три до пет сантиметри. Токму таа висина е доволна нозете да се „издолжат“, а во чевлите да не ви е неудобно. Но модата не принудува да се качиме на повисоко… Маноло Бланик и неговите вртоглави потпетици од 12 см!

Секоја трета жена ги обожава обувките и им дава предност во шопингот. Знаете ли кој модел ви прилега и како со балетанки, потпетици, чизми и со патики да ја нагласите убавината на своите нозе?

Рамни

Ако имате пропорционални нозе, изберете модел што му прилега на вашиот моден стил. Внимавајте чевлите да не ги нагласат несовршеностите на стапалата – да не ги прошират или продолжат.

 

Рамни чевли се најголем непријател за „јаки“ листови, бидејќи го истакнуваат тој дел на ногата. За разлика од рамните чевли, рамните чизми ги кријат листовите, но визуелно ја кратат линијата на телото, па ќе изгледате пониски.

Ако имате „јаки“ листови, а носите рамни чевли, внимавајте хулахопките секогаш да ви бидат мат и да им одговараат на обувките. Контрастите оптички ја здебелуваат ногата.

Како визуелно да додадете неколку сантиметри? Под чизмите облечете тенки доколенки и дозволете да ѕиркаат над работ на чизмата. Пробајте! Ќе изгледате повисоки.

Со потпетица

Ако имате пропорционални нозе, носете потпетици што се удобни. Дневните чевли нека имаат поширока петица, а вечерните потесна.

Доколку носите помал број чевли, врвовите нека бидат во шпиц, а поголемото стапало ќе го скрати заоблен врв на чевлите.

Ако имате тенки нозе, со потпетиците комбинирајте ги и преостанатите детали на чевлите – интересни ремчиња, бои (колку е „појака“ бојата, толку нозете ќе изгледаат пополни!), украси на потпетиците. Какви чизми ви прилегаат?

Носете модели на полудлабоки чизми, кои оптички ќе ја пресечат линијата на нозете и така ќе им дадат волумен. Пополни нозе, посебно листови, визуелно се истенчуваат со поплитки модели со панделка или некој друг украс на врвот.

Прочитајте и: Мода што ги брише годините: Со овие стилски трикови ќе изгледате 10 години…

Внимавајте како ги комбинирате хулахопките и чевлите – не смее да има контраст. Чизмите нека се пошироки. За нозете да изгледаат повито, послужете се со еден трик – чизмата треба да биде толку широка што помеѓу неа и ногата да собере два прста.

Со платформа

Иако е во мода, па ја носат речиси сите, платформата всушност им прилега на полнички жени со „јаки“ нозе. Доколку сте со токму таква градба, внимавајте на следново – доколку вашите чевли-платформи имаат ремчиња, тие нека не се заврзуваат околу зглобот. Многу е подобро ако се закопчуваат на рисот. Ако имате помало стапало, платформите нека бидат поплитки.

Чизмите со платформа нека бидат високи и едноставни. Ако ви е потребен сантиметар повеќе, тоа визуелно ќе го постигнете со чизми чии рабови се над колената.

Прочитајте и: Улична мода: Како се облекуваат девојките со стил?

Хулахопки

Тенки проѕирни хулахопки со малку дени се комбинираат со деловен стајлинг. Носете ги, во зависност од дебелината на нозете, во мат или во сјајна варијанта.

Како да изберете? Колку е потенка ногата, толку посјајни треба да бидат хулахопките.

Хулахопките со повеќе дени ја стегаат ногата, па можете да ги носите и како помагатели за витост. Посебно ако имаат гаќички со стегач. Бојата изберете ја во согласност од облеката што ја носите.

На полнички нозе им прилегаат потемни нијанси, а на тенки – посветли.

Прочитајте и: Како правилно се комбинираат хулахопките?

Доколенките и сокните се моден императив оваа сезона, но и совршен начин да ја истакнете убавината на нозете. Ако имате тенки нозе, спуштете ги чорапите на долниот дел од нозете и комбинирајте ги со чевли на висока потпетица.

Доколку имате „појаки“ нозе, особено листови – доколенките кренете ги преку колената и комбинирајте ги со чизми што се стегаат го колената.

Кои бои се носат?

Бојата на чевлите изберете ја според обликот на нозете, а не трендот. Така полнички жени со подебели нозе треба да носат црни чевли и чизми – црни, темнокафени и темносини. Тренди-чевли и чизми во бои им припаѓаат на вити жени со тенки нозе.

Текст: М. Медичи

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.