Како правилно се комбинираат хулахопките?

Основни правила што не треба да ги прекршуваме

Не потценувајте ја улогата на хулахопките во креирањето на својот стајлинг. Иако повеќето од нас мислат дека нема голема филозофија во тоа, тие можат да го подобрат или влошат комплетниот изглед. Ви ги претставуваме основите правила што не треба да ги прекршувате.

ВО БОЈА НА КОЖАТА

Ако можете да ги избегнете, ве советуваме да го направите токму тоа. Доколку, сепак, се одлучите за хулахопки во боја на кожа, никогаш не избирајте модели со сјај, туку исклучиво мат. Внимавајте целосно да ја погодите нијансата на кожата. Тие мора да бидат незабележливи, како втора кожа, ништо друго не е прифатливо!

ДЕЗЕНИРАНО И СВЕТКАВО

Дезенирани хулахопки се носат со посмирени комбинации. Елегантните дезени, ромбоидите или туфничките (задолжително во еден тон!) одлично изгледаат со мал црн фустан или некоја друга еднобојна опција. Истото тоа важи и за светкавите модели.

ЦРНИ

Иако се сметаат за сигурна варијанта, и кај црните хулахопки постојат правила. Проѕирни модели со висок сјај никогаш не изгледаат добро. Предвид доаѓаат мат-варијанти, и тоа колку што е облеката подебела, толку и хулахопките треба да бидат „пополни“.

МРЕЖА

Мрежестите хулахопки лесно можат да предизвикаат лош ефект. Ако се одлучите за нив, облеката не смее да биде провокативна и во впечатливи нијанси. Најдобро одговараат со тексас, ¾ панталони или со миди-здолништа и со фустани со „смирен“ крој.

ВО БОЈА

Избегнувајте интензивни бои, изберете тегет, бордо, зелена, окер, сива… Доколку ризикувате, носете ги со слични нијанси, пресечени со неутрална боја. Никогаш не комбинирајте ги со повеќе од три бои, а секогаш комбинирајте ладни тонови со ладни, а топли со топли.

ШАРЕНИ

Шарен принт е дозволен само доколку умеете да го носите, и тоа во комбинација со црна облека со многу едноставни линии. Секоја друга варијанта би можела да ја помине границата на кичот.

Текст: Убавина издравје

Фото: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.