Мода што ги брише годините: Со овие стилски трикови ќе изгледате 10 години помлади!

4 златни правила

Со овие трикови, комплиментите за вашиот изглед нема да стивнат

Годините се само бројка и се’ зависи од состојбата на духот. Важно е како се чувствуваме, но не штети да изгледаме одлично и со помош на некои трикови што ги кријат годините.

Модните експерти ги знаат сите тајни на добриот стил, а со вистинскиот избор на гардероба, навистина може да допринесете на целокупниот впечаток што го оставате. Добро запомнете ги овие 4 златни правила и почнете да ги применувате уште денес:

1. Ведрите бои никогаш не се на одмет

Тоа важи особено за сезонава, бидејќи интензивните бои се на врвот на модната листа. Многу дами грешат, па кога ќе влезат во некои зрели години, не отстапуваат од земјените или црните тонови, мислејќи дека токму таквата гардероба им прилега на годините. Вистината е дека токму затоа прават огромна грешка. Доколку сакате да имате младешки изгледи, следете го правилото „што пошарено тоа подобро“. Бидете храбри и покажете младешка нота со таквиот стајлинг.

2. Водете сметка гардеробата да одговaра на вашата градба

Изборот на добар крој е основно модно правило што мора да го почитувате. Со вистинскиот избор можете да го нагласите она што е најдобро на вашето тело. Многу жена со желба да изгледаат помлади, одбираат несоодветна облека, како на пример кратки здолништа или маици што откриваат премногу, или, пак, парчиња какви што носат младите девојки. Токму ваквиот избор ги носи многу далеку од нивната цел. На овој начин, единственото нешто што го постигнуваат е лошо внимание и потсмев. За младешки изглед важно е правилото да се одбира според градбата на телото, а не на одделот за тинејџери.

3. Модните детали и’ даваат посебен печат на секоја комбинација

Кога станува збор за модни додатоци, на ова поле можете да и’ се препуштите на креативноста и да одбирате што пошарени и откачени парчиња.

4. Изборот на обувки е важен

Изборот на обувки може значително да придонесе за целокупниот изглед, па затоа одбирајте паметно. И на ова поле можете да се опуштите и да одбирате што поинтересни и атрактивни модели.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.