Ова јадење е омилено во куќата на Ражнатовиќ, а Гудељ одбива да го проба (рецепт)

Како до сега не го знаевме ваквиот начин на подготовка...

Рецептот за пита со месо на Анастасија Ражнатовиќ е совршен

Цеца Ражнатовиќ вели дека знае да готви, но не го прави тоа, бидејќи повеќе сака да мириса на парфем отколку на кујна.

Сепак, за разлика од фолк дивата, нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ со задоволство си поигрува сонамирниците. Секој рецепт на Анастасија Ражнатовиќ е многу лесен за подготовка, бидејќи нејзината тетка Лидија е задолжена за покомплицираните јадења.

Едно од овие јадења е питата со месо, а Анастасија своевремено со следбениците на Инстаграм го споделила процесот на нејзината подготовка. Меѓутоа, за жал, нејзиниот сопруг Немања Гудељ не сака ниту да го проба ова јадење, бидејќи е вегетаријанец.

СОСТОЈКИ:

– 400 до 500 гр мелено месо
– еден кромид
– магдонос
– 2-3 јајца
– малку кисела вода
– пакување на готови кори

Подготовка:
Исечкајте го кромидот, па пропржете го и додадете го меленото месо. Зачинете со сол и бибер и на крајот додадете сечкан магдонос. Тавата премачкајте ја со масло, па ставете ја првата кора и повторно попрскајте ја со масло или растопен путер.

Вака наредете четири до пет кори, па истурете половина од смесата, па уште неколку кори и остатокот од смесата. Затворете со две кори, а секоја посипете ја со малку масло или путер. Јајцата убаво изматете ги, додадете малку кисела вода, па прелијте ја со питата.

Се пече на 230 степени околу половина час.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.