Мрзлив гулаш: Сочно месо што се распаѓа во кремаст сос!

Пригответе го еден ден порано

ФОТО: Shutterstock

Најдобро е да го оставите месото да се маринира во текот на ноќта

Состојки:
  • 600 грама јунешка кртина
  • 4 компири
  • 100 грама димена сланина
  • 4 зелени пиперки
  • 1 лута зелена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 2 лажички мешавина од зачини
  • 1 лимон
  • 1 лажица црвен пипер
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажичка ким
  • 100 милилитри бело вино
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер
Приготвување:

Во подлабок сад ставете ја мешавината од зачини, ким и црвен пипер. Додајте издробен лук, ситно изрендана кора од лимон, ситно сечкана лута пиперка и масло. Посолете, зачинете со бибер, додајте парчиња месо и оставете ги да отстојат 12 часа.

Во огноотпорен сад подмачкан со масло наредете парчиња сланина, ред компири, кромид и пиперка. Посолете и ставете го месото со зачини. На месото наредете го преостанатиот кромид, месо и попрскајте со масло. Печете еден час на 200 степени.

Извадете го од рерна, прелејте го со бело вино и додајте околу 400 милилитри вода. Печете уште 30 минути на иста температура.

Послужете го гулашот со варен ориз и изладено бело вино.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.