Бушава Ката: Традиционален колач што ќе го обожавате!

Неповторлив вкус!

ФОТО: Printscreen/ youtube

Совршен колач за одмор и шолја силно кафе

Состојки:

За кората

  • 4 жолчки
  • 150 грама маст
  • 150 грама шеќер
  • 1 лажица млеко
  • 350 грама брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • рендана кора од еден лимон

За филот

  • 4 белки
  • 150 грама шеќер
  • 3 лажици џем
  • 150 грама ореви
  • 50 грама шеќер во прав за наросување
Приготвување:

Во еден сад ставете маст, шеќер, раздвојте ги белките од жолчките, па додајте 4 жолчки и мешајте додека не се соединат. Додајте 1 лажица млеко, промешајте. Потоа, додајте кора од лимон и мешајте додека не се соедини. Додајте и брашно и прашок за печиво, па замесете тесто.

Поделете го тестото на два дела. Ставете еден дел во фолија, па во замрзнувач за да замрзне, околу еден час.

Преостанатиот дел од тестото ставете го во тепсија и израмнете го.

Во посебна чинија ставете ги белките и шеќерот, па изматете ги во снег, а потоа додајте и џем од сливи, па додајте и исечкани ореви и измешајте со лажица. Распоредете го филот врз оние кори што сте ги ставиле во плехот.

Извадете го тестото од замрзнувач, па изрендајте го крупно врз филот на колачот. Сето тоа ставете го во рерна и печете околу 25 минути на 200 степени Целзиусови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.