Грчка тиропита: Превкусна и крцкава пита со сирење

Бисер од грчката кујна

ФОТО: Profimedia

Лесно се прави, а вкусот е фантастичен

Прочитајте како да направите пита со сирење по грчки рецепт или тиропита, како што ја викаат Грците.

Состојки:
  • 450 грама фета сирење
  • 3 јајца
  • малку маслиново масло
  • лажичка бибер
  • 1 пакување кори
Приготвување:

Во сад скршете јајца и додајте бибер, па изматете со лажица. Додајте малку маслиново масло (околу две лажички) па продолжете да матите.

Во сад полека додајте ја издробената фета, па добро измешајте и додајте уште малку маслиново масло.

Подмачкајте го плехот, ставете кора на него, па и неа премачкајте ја со масло. Така наредете пет кори, кои помеѓу ќе ги премачкувате со масло, па озгора прелејте ја смесата со фета сирење и распоредете ја. Озгора ставете пет кори кои повторно ќе ги премачкувате со масло помеѓу.

На крај, подвиткајте ги рабовите на кората нагоре за да остане филот внатре. Озгора премачкајте ги со маслиново масло и печете ја на 180 степени околу 45 минути до еден час или додека питата не стане крцкава и не добие златнокафеава боја.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.