Крем-супа полна со витамини и минерали: Ги исфрла токсините и го забрзува метаболизмот!

Богат вкус, малку калории

Идеалниот летен оброк изгледа токму вака

Потажите или крем-супите се совршен избор за летен ручек или вечера. Доволно се лесни, а истовремено ќе ви обезбедат доволно енергија и хранливи материи.

Ние најдовме рецепт за потаж што има минимално калории, богат вкус, изобилува со витамини, а истовремено го поттикнува исфрлањето токсини и го забрзува метаболизмот.

Доколку досега не сте пробале крем-супа од батати и моркови, сега е вистинското време.

Состојки:
  • 1 поголем батат
  • 3 средни моркови
  • 20 г сварен грав
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 целер
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 лажиче мелено чили
  • 1 лавров лист
  • сол и бибер
  • 1,5 литри бујон од зеленчук
  • 3 лажички маслиново масло
Приготвување:

Излупете ги бататот и морковите, измијте ги и исечкајте ги на мали коцки. Кромидот и целерот исечкајте ги што поситно и згмечете го лукот.

Загрејте маслиново масло во подлабоко тенџере и додајте кромид, па потоа, динстајте додека зарумени и додајте го лукот. Потоа, додајте го и целерот и динстајте уште минута-две.

Додајте ги и преостанатите состојки, бататот, морковот, солта, биберот, чилито, црвениот пипер и лавровиот лист, па сето тоа прелејте го со бујон и оставете го да се вари.

Кога ќе забележите дека бататот и морковот омекнале, додајте го и гравот.

По варењето, со стапчест миксер или со блендер изматете го сето тоа за добиете крем-супа.

Предлог за ручек: Крем супа од тиквички
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.