Предлог за ручек: Крем супа од тиквички

Збогатете го вашето мени со овој едноставен рецепт за вкусно и здраво предјадење!

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 1 глава црвен кромид
  • копар
  • малку маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • морска сол

Подготовка:

Ситно исецкајте го црвениот кромид и испржете го во малку масло додека додека не стане како стакло. Потоа додадете исечени тиквички и кршен лук. Истурете вода за да се впие и посолете по вкус.

Гответе околу 15 минути (додајте вода ако е потребно), а потоа тргнете од топлината и изматете со рачен блендер.

Измијте го копарот и ситно исецкајте го. Ставете го во тенџерето со тиквички и гответе уште неколку минути за да ја ослободите аромата.

Предлог за главно јадење: Летна манџа на 3 начина: Ова е рецептот за вистинско летно уживање!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.