Исфрлете само 300 калории на ден и ќе ги изгубите вишокот килограми!

За подобро здравје

Дури и здравите, младите и витки луѓе со врвна форма можат да имаат корист ако го намалат дневниот внес за 300 калории. Неодамнешните истражувања покажаа дека овој едноставен и здрав начин на живот може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и дебелина, што може значително да го продолжи вашиот животен век, велат експертите.

Луѓето кои следат упатства за диети ограничени со калории две години последователно, имаа помал крвен притисок, понизок холестерол, намален ризик од метаболички синдром и подобрена чувствителност на инсулин. Ова го покажаа резултатите од истражувањето објавено во стручното списание The Lancet Diabetes & Endocrinology. Исто така, учесниците во споменатото истражување изгубиле во просек седум килограми, од кои 71% биле масно ткиво.

„Лекцијата испратена од резултатите од ова истражување е: Сè е подобро од она што го правиме сега. Дури и поскромни граници на калории можат да имаат фантастичен ефект врз нашето здравје“, истакнуваат експертите.

Како да се елиминираат 300 калории на ден од менито?

Престанете да јадете после вечерата. Закуски, мали сендвичи, колачиња… Сè е забрането, вклучително и овошје. Само прифатете ја оваа навика и сте го решиле проблемот. Ако нормално јадете сад сладолед пред спиење и сега го исфрливте, веќе сте во голема победа и наскоро тоа ќе го забележите и сами во својот одраз во огледалото.

Размислете за тоа кои намирниви не ви се потребни за време на оброците. Во многу случаи може да биде леб, а едно парче леб има 100 калории!

На почетокот, внимателно бројте калории секој ден за да добиете увид во тоа како изгледаат 300 калории и што јадете во текот на денот. Со тек на време, инстинктивно ќе знаете што да јадете и што да прескокнете.

Исхраната со малку калории првично бара дисциплина и контрола, а овошјето и зеленчукот со нискокалорично ниво, скробна храна со растителни влакна, растителни и животински протеини со малку маснотии и масни здрави материи можат да ви помогнат да се навикнете.

Еве каде сè кријат 300 калории:

  • 2 средни компири
  • парче пица
  • 1 средно авокадо
  • мала кеса чипс
  • Орео колачиња
  • шолја тестенини со сирење
  • 2 колачиња со парчиња чоколадо

Прочитајте и: Летен фаворит: Откријте ги сите здравствени придобивки од лубеницата

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.