Торта Египќанка: Десерт преполн со фил и со неодолив вкус

Нема да останете рамнодушни на оваа торта

Совршена е за свечени прилики!

Потребни состојки:

За кората

  • 2 белки
  • 2 големи лажици шеќер
  • 1 голема и рамна лажица брашно
  • 40 грама мелени ореви

За жолтиот фил

  • 6 жолчки
  • 6 големи лажици шеќер
  • 4 ½ големи лажици брашно
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 400 милилитри млеко
  • 150 грама путер

За филот од карамела:

  • 150 грама шеќер
  • 100 грама мелени ореви
  • 200 милилитри течна слатка павлака
  • мелени ореви и шлаг за декорација
Начин на подготовка:

Прво направете го филот од жолчки. Изматете ги со миксер жолчките и шеќерот, додајте ванилин шеќер и разредете со малку млеко. Останатото млеко ставете го да зоврие, па во него додајте ја смесата од жолчки и брашно и загревајте додека не се згусне.

Ставете го готовиот фил во помала чинија и оставете го на страна да се лади со повремено мешање за да не се создаде кора на површина.

Направете го филот од карамела. Ставете кристал шеќер во помало тенџере и ставете го на шпорет за да се стопи шеќерот, но внимавајте да не загори. Кога шеќерот ќе добие златно-жолта боја и ќе стане течен, додека е сè уште врел ставете го на хартија за печење и оставете го целосно да се излади и зацврсти.

Потоа, на ред доаѓаат корите. Во подлабок  сад, изматете ги белките додека не станат пенасти, потоа додавајте шеќер лажица по лажица. Кога ќе добиете цврста и сјајна пена, додајте ги брашното и мелените ореви и промешајте. Поделете ја смесата на три еднакви дела и печете во три калапи со пречник од 20 центиметри. Ако можете, печете ги корите истовремено за да ја забрзате подготовката.

Можете да ги печете корите и една по една, но тогаш ќе морате посебно да ја матите смесата за секоја кора. Ако немате калап со таа големина, можете да нацртате круг од 20 центиметри на хартија за печење и така да ги испечете. Корите се печат на 170 степени околу 20 минути, додека не добијат светло жолта боја на површината. Оставете ги корите да се изладат.

Матете го омекнатиот путер додека не стане пенаст и во него додавајте го готовиот фил од жолчки лажица по лажица. Матете уште минута-две за да добиете убав, воздушест крем.

Издробете до стврднатиот шеќер на ситни парчиња. Можете да го сомелете и во машина за ореви, ако сакате. Во подлабок сад изматете го шлагот, односно течната слатка павлака. Во шлагот измешајте го здробениот шеќер (оставете неколку лажици за наросување на тортата) и мелените ореви.

Филување на тортата: Поделете го жолтиот фил на три дела, бидејќи тортата и однадвор се премачкува со фил, а шлагот се дели на два дела. Ставете ја првата кора на тацна и премачкајте ја прво со жолтиот фил, па потоа со филот од шлаг, па ставете кора, повторно жолт фил и шлаг и на крајот доаѓа третата кора. Целата торта премачкајте ја со жолт фил, наросете ја со ореви и запржен шеќер и украсете ја со шлаг. Оставете ја готовата торта да отстои преку ноќ и послужете ја наредниот ден.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време