Старинска мрзлива пита со јаболка: Најдобриот колач на сите времиња, им успева дури и на неискусните домаќинки

Мора да го пробате!

Ви откриваме едноставен рецепт за старинска мрзлива пита

Мрзливата пита е еден од омилените старински колачи што се приготвува многу едноставни, а исто така е и евтин, со оглед на тоа што повеќето од состојките кои одат во колачот, сигурно веќе ги имате дома.

Состојки:
  • 400 г брашно
  • 200 г маст
  • 170 г шеќер
  • 2 јајца
  • 6 лажици млеко
  • 1 лажица сода бикарбона

За филот:

  • 1 кг кисели јаболка
  • 4 лажици гриз
  • 1/2 кесичка цимет
  • 150 г шеќер

За посипување:

  • шеќер во прав
Приготвување:

Ставете ги брашното и маста во подлабок сад и тријте со дланки за да добиете мазна смеса. Додајте шеќер, 1 јајце, 1 жолчка, млеко и сода бикарбона, па замесете тесто. Ставете го во фрижидер 1-2 часа.

Потоа, поделете го на два дела. Едниот дел расучете го на набрашнета штица и префрлете го во замастен и набрашнет плех. Потоа, ставете фил од изрендани јаболка, посипете со гриз, цимет и шеќер. Одозгора ставете го другиот дел од расученото тесто. Премачкајте со белка и печете на средна температура околу 40 минути.

Посипете со шеќер во прав и исечете го колачот на коцки. На здравје!

Колач со јагоди и јогурт: Кремлив и сочен – ова е највкусниот летен десерт!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.