Колач со јагоди и јогурт: Кремлив и сочен – ова е највкусниот летен десерт!

Содржи и овошје и чоколадо

Совршениот летен колач е оној што содржи и овошје и чоколадо, а овој несомнено ќе ве воодушеви

Состојки:
  • 4 јајца (поделете ги на жолчки и белки)
  • 75 г шеќер
  • 75 г путер
  • 170 г мелени бисквити

За првиот фил:

  • 500 г свежи јагоди
  • 75 г пченичен гриз

За вториот фил:

  • 4 белки
  • прстофат сол
  • 2 лажици сок од лимон
  • 150 г шеќер
  • 100 г пченично брашно
  • 500 г грчки јогурт

За третиот фил:

  • црно чоколадо
  • путер
Приготвување:

Раздвојте ги јајцата на жолчки и белки. Изматете ги жолчките и додајте им шеќер, а потоа и растопен путер и мелени бисквити. Сето тоа изматете го, па префрлете го во плех.

Исчистете ги јагодите и исечкајте ги, па измешајте ги со гризот. Смесата од јагоди ставете ја врз смесата од јајца и бисквити.

Во белките додајте прстофат сол, па изматете пенесто. Додајте и шеќер и сок од лимон. Кога ќе го изматите сето тоа, додајте во белките и брашно и ванилин шеќер, а потоа и грчки јогурт. Белата смеса ставете ја преку јагодите и печете во загреана рерна на 150 степени Целзиусови околу половина час. Потоа растопете чоколадо и путер и прелејте ги преку колачот.

Уживајте!

Највкусниот арапски колач: Неверојатно кремлив и сочен, а се приготвува за 10 минути! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.