Александра Трајческа е победничката во втората сезона на музичкото онлајн-талент шоу „Заблескај“ (ВИДЕО)

Погледнете го финалето!

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на оналјн-натпреварот во пеење „Заблескај“, кој е во оригинален мултимедијален проект на компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“, поддржан од ОРБИТ.

Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирито, чии членови беа: композиторот Николче Мицевски, пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, но само Александра со својата изведба на џез-нумерата Orange Colored Sky блесна на сцената во кафе-бар „Интермецо“ и заслужено го освои првото место.

Одлични беа и преостанатите натпреварувачи, но, за жал, мора да победи само еден…

Да бидам искрена, не очекував дека ќе победам, сметам дека конкуренцијата беше огромна и никогаш не знаеш со сигурност дали твоето лично изразување ќе му се допадне на жирито, изјави таа по примањето на статуетката, која ѝ ја врачи главната и одговорона уредничка на „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ.

Инаку, Александра како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг-менаџер во времетраење од една година.

Погледнете го како изгледаше финалето од втората сезона на музичкото онлајн-шоу „Заблескај“:

Текст: Васко Спасоски

Видео: Youtube

Фото: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.