Колач „мрзлив маж“: Нема да најдете подобар рецепт за совршен десерт!

Ќе уживате во одличниот вкус

Не знаеме зошто се вика вака овој колач, но вкусот е одличен

Состојки:
  • 5 јајца
  • 1 л млеко + 100 мл
  • 100 мл масло
  • 250 г шеќер
  • 250 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 лажици какао во прав
  • 4 кесички пудинг од ванила
  • 6 лажици кристал шеќер
  • 500 г кисела павлака
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 300 г малини
  • 200 мл слатка павлака
Приготвување:

Сварете 1 литар млеко, намалете ја температурата, па додајте разматени 4 кесички пудинг со 6 лажици шеќер. Загревајте го сето тоа мешајќи за да се создадат грутки, околу две-три минути. Оставете го да се олади со повремено мешање, за да не фати коричка.

Изматете 5 јајца, 100 мл масло и 250 г шеќер во пенеста смеса, па додајте прашок за печиво, просеан со 250 г брашно и 3 лажици какао. Сипете ја смесата во подмачкан калап за торта.

Озгора распоредете го сварениот пудинг, вадејќи го со лажица за сладолед или со супена лажица (намачкајте ја лажицата со масло или вода за да не се лепи). Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Додека колачот се пече, изматете кисела павлака со шеќер, па после 30 минути печење, извадете го колачот, премачкајте го со изматената кисела павлака и вратете го во рерна уште 10 минути да се пече.

Оставете го да се олади печениот колач, извадете го на чинија, украсете со малини и со изматена слатка павлака.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.