По првата неуспешна бременост, познатата актерка стана мајка (ФОТО)
Пристигна наследничката
Ѕвездата на популарната ТВ-серија Pretty Little Liars, Шеј Мичел го роди своето прво дете – ќеркичка, чие име се’ уште не го откри во јавноста.
На својот инстаграм-профил, Шеј објави фотографија на која го држи рачето на ќеркичката, порачувајќи:
Никогаш нема да те пуштам.
Бебето го доби со својот емотивен партнер Матео Бабел, со кого е во врска од јануари 2017 година, а веста за бременоста ја објави во јуни.
Нешто е во рерната, а не е пица! Вау… Неверојатен е фактот дека во тебе расте мало живо суштество“, напиша тогаш.
Фото: Инстаграм, Getty Images