Пригответе го овој совршен десерт и воодушевете ги вашите најмили
Состојки:
- 350 г брашно
- 120 г шеќер
- 120 г мед
- 1 јајце
- 60 г путер
- 60 г маст
- малку цимет
- малку анасон
- 1 ванилин шеќер
- 50 г прашок за печиво
- 50 г сода бикарбона
Приготвување:
- Со миксер изматете ги путерот и маста со шеќерот и јајцето.
- Додајте ги сите останати состојки и замесете мазно тесто.
- Ставете го во кеса, па оставете го 30 минути во замрзнувач.
- Сечете го на мали квадратчиња, па нив обликувајте ги во мали топчиња.
- Ставете ги во хартиени калапи и редете ги во тепсија.
- Печете ги на 200 степени Целзиусови околу 15 минути.
- Можете да ги прелиете со чоколадна глазура или бела глазура.