Лутината никому не му донела ништо добро: Простете, не затоа што сте во право, туку зашто заслужувате душевен мир!

Простувањето е одлика на силните луѓе

Простувањето значи да ја оставите болката зад себе и да продолжите понатаму

Простувањето е најдобрата одлука што можете да ја донесете. Не заради другата личност, туку заради себеси. Кога му простувате некому, се ослободувате од голема количина на лоша енергија која не може да ви донесе ништо добро.

„Простувам за да не си наштетам себеси. Мојот душевен и психички спокој ми е на прво место. Добрата работа е што од тие, колку и да се чинеле лоши искуства, сум научил нова лекција. Не ја мразам личноста што ме предала и изневерила, но нема да и’ дозволам да ми се приближи и никој во иднина нема да може да ми зададе ист удар. Не простувам бидејќи некој го заслужил тоа, туку за да си помогнам себеси“, рекол еден руски психолог.

Простувањето може да биде различно. Понекогаш си простуваме за да дадеме втора шанса и да се обидеме да почнеме се’ отпочеток. Но постојат и такви ситуации во кои простуваме само за да можеме некого потполно да го избришеме од животот и да продолжиме понатаму.

Простувањето значи да ја оставите болката зад себе и да продолжите понатаму

Простувањето и клучот за среќна иднина!

Понекогаш, простувањето е неопходно за да продолжиме понатаму. За да можеме да чекориме без товар, а не затоа што сметаме дека однесувањето на таа личност и прифатливо и мислиме дека можеме повторно да и’ веруваме. Со простувањето си правиме услуга на себеси.

Не го сметајте за слабост тоа што сте преминале преку нечии лоши постапки кон вас, туку како можност за вртење нов лист на кој ќе биде испишана приказна за хармонија и љубов.

Не може да се променат работите што се веќе направени, затоа искреното простување од срце и вртењето нов лист се најдобрата одлука.

Додека не го сторите тоа, во срцето и душата ќе се задржува лутина, страдање и страв кои можат само да ви наштетат и ништо повеќе. Гневот нема да промени ништо, затоа кога ќе се најдете во ситуација некој да ве предаде, најдобро е што побрзо да соберете храброст, да простите, заборавите и да продолжите со животот чекорејќи храбро напред.

Во таквите моменти ќе сфатите колку сте силни, бидејќи човекот навистина не е свесен за своите можности и моќи, се’ додека тоа не му остане единствената опција.

На крајот ќе сфатите дека таквите работи требало да се случат за да научите важна животна лекција од нив. Животот не е секогаш само мед и млеко, предавствата се составен дел од тоа патување. Вам ви останува храбро да чекорите со позитивни мисли и без задржување лутина во срцето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.