Брза и нежна кремлива торта без печење: Неодоливо совршена!

Задолжително пробајте ја

Ќе се воодушевите

Состојки:
  • 150 г шеќер
  • 1 лажиче ванилин шеќер
  • 50 г брашно
  • 2 јајца
  • 400 г павлака
  • 300 г чоколадни бисквити
  • 100 г путер
  • 1 лажиче ванилин шеќер
  • 120 г растопен путер
  • 1 лажица млеко/павлака
Приготвување:

Шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното се мешаат, па се додаваат две јајца, убаво се соединува со жица, па се додава павлака и сето тоа убаво се соединува. Се става на тивок оган и се загрева до вриење, со непрестајно мешање.

Кога ќе зоврие, се вари уште една-две минути со мешање, па се трга од рингла, па се остава да се олади. Оладениот фил се покрива со пластична фолија и се става во фрижидер.

Бисквитите се мелат во блендер.

Сто грама путер се матат со ванилин шеќер, па се додаваат 5 лажици од оладениот фил и добро се мати. Се спојува со преостанатиот фил.

Се сипуваат 120 г растопен путер во измелените бисквити, се додава лажица млеко и се соединува. Се одвојуваат 5 лажици од смесата на страна.

Од бисквитите со рака се обликува кора, така што треба да има и странични рабови, па се сипува фил, но без да стигне до крајот на работ од плехот. Потоа, се сипуваат преостанатите 5 лажици фил по рабовите и одозгора.

Вашата брза кремлива торта без печење е готова! Оладете ја уште малку и уживајте во божествениот вкус!

Рецепт на денот: Традиционална сахер-торта
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.