Рецепт на денот: Традиционална сахер-торта

Почувствувајте го духот на виенските слаткарници и разгалете го непцето со најпознатата чоколадна торта. Бидејќи скоро сите состојки се во кората, нема готвење на филот, ќе ја направите без проблеми, а вкусот ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 6 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 200 гр мелени ореви
  • 150 гр путер
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 3 лажици брашно
  • лажичка цимет (по желба)
  • сол, на врвот на ножот

За прелив:

  • џем од касија
  • 200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките со малку сол и ставете ги во фрижидер. Потоа, изматете ги жолчките со шеќерот така што шеќерот ќе се растопи, додадете го изматениот путер, мелените ореви измешани со брашно и на крај стопено чоколадо за готвење. Додадете белки од јајца во компактната изматена смеса, нежно мешајќи ги со рака со лажица.

Печете го тестото во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Користете чепкалка за заби за да проверите дали е печено тестото, но не треба да се грижите дали останала трага на неа бидејќи масата содржи путер, така што ова е нормално.

Печениот колач оставете го малку да се излади, па потоа богато премачкајте го со џем од кајсии. Кога тортата ќе се излади целосно, направете чоколадна глазура и прелијте ја. Ставете во фрижидер. Послужете со шлаг.

Испробајте и: Вкусни грицки: Дали сте за овошни пури?

 

ФОТО: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.