За три години 500.000 евра: Анастасија Ражнатовиќ заработила богатство со само седум песни!

Ќерката на Цеца е доста популарна и слушана во Србија, но и регионот...

Фото: Инстаграм

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ од своите седум песни, кои се објавени на Јутјуб и на најпопуларните музички стриминг-платфоерми, досега заработила повеќе од 500.000 евра.

Ќерката на Цеца од започнување на својот канал на Јутјуб на 11 јуни 2018 година досега од овој сервис инкасирала скоро 240.000 евра, бидејќи спотовите и се прегледани скоро 240 милиони пати – пишува српски Курир. До овој број лесно може да се дојде ако се земе в предвид фактот што за еден милион прегледи на Јутјуб се заработува околу 1.000 евра.

Меѓутоа повеќе се заработува од преслушување или симнување од другите музички платформ, каде Анастасија е присутна и доста популарна. Секоја нејзина песна на овие платформи била во 100 најслушани во Србија. Цената за еден милион стримови на овие платформи изнесува од 3.000 до 3.500 евра.

Како што може да се види на една од фотографиите на една од тие платформи, Ражнатовиќ има скоро 16 милиони стримови за пет песни или скоро 150.000 редовни слушатели месечно, што значи само од нив заработила 70.000 евра.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.