Нејзината животна приказна ќе ви го скрши срцето: Судбината на мајката на Анџелина Џоли е поморничава од хорор филм!

Имала сè освен среќа

Била бескрајно убава и талентирана, сопругот постојано ја изневерувал, никогаш не успеала да ја победи тешката болест

Анџелина Џоли важи за една од најубавите жени на светот, а малкумина знаат дека мајка ѝ Маршелин Бертран исто така била невидена убавица.

Нејзината мајка била актерка, која денес би имала 71 година. Анџелина, покрај талентот за глума, од мајка ѝ ја наследила и убавината.

Бројни обожаватели нагласуваат дека Анџелина неверојатно личи на неа, додека има и такви што велат дека Маршелин била поубава од нејзината ќерка.

Сопругот ја изневерувал, се борела со тешка болест

Таа пораснала во хармонично семејство и се чинело дека има совршен живот. Била нереално убава, но и еднакво талентирана. Од мали нозе почнала да се занимава со глума и знаела дека тоа ќе биде нејзината животна професија.

Иако веднаш ја забележале ловци на таленти и ѝ предвиделе успешна кариера, таа сепак уште на самиот почеток се откажала од своите соништа за да му се посвети на семејството.

На само 20 години се омажила со Џон Војт, на 12 декември 1971 година. Бракот не ѝ донел среќа, а имала и два абортуса кои тешко ги поднела психички.

По неколку обиди, пристигнале убави вести. Актерката останала бремена. На свет прво го донела Џејмс Хејвен, а две години подоцна и Анџелина Џоли.

Сфатила дека многу тешко ќе ги усогласи филмската кариера и грижата за мали деца, па одлучила целосно да му се посвети на семејството.

И покрај нејзината убавина и посветеност на семејството, не ѝ цутеле рози во бракот

Маршелин и Војт се разделиле во 1976 година, а официјално се развеле во 1980 година и тоа поради бројните неверства на Војт. Открила дека тој ја изневерувал со која ќе стигне, па поднела барање за развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie04_)

По официјалната разделба од Војт, запловила во врска со Били Деј. Заедно живееле 11 години, но не се венчале. Живееле заедно додека смртта не ги разделила.

До крајот на животот Бертран не зборувала за својата приватност и не давала интервјуа. Се борела со рак на јајчници и рак на дојка речиси осум години. Починала во 2007 година. Со оглед на тоа што мајка ѝ и сестра ѝ на Маршелин починале од рак, Анџелина зборувала дека и мајка ѝ претпоставувала дека ќе ѝ се случи нешто слично.

„Баба ми исто така почина млада, па мајка ми секогаш мислеше дека истото ќе ѝ се случи и нејзе“, открила актерката.

Во периодот кога починала мајка ѝ, Анџелина имала три деца. Во 2008 година, Анџелина и Бред Пит ја добиле ќерка им Вивиен Маршелин Џоли Пит, која го добила името по својата покојна баба.

Поради оваа фотографија, светските медиуми пишуваат дека Анџелина Џоли има 15 години помладо момче (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.