Поради оваа фотографија, светските медиуми пишуваат дека Анџелина Џоли има 15 години помладо момче (ФОТО)

Веќе не се кријат

Анџелина Џоли (46) конечно има нова љубовна врска по скандалозниот развод со актерот Бред Пит, пренесуваат светските таблоиди. Станува збор за канадскиот пејач Д Викенд (31), кого, пред врската со актерката, го поврзуваа со Серена Гомез и Кајли Џенер.

Имено, Џоли и 15-години помладиот музичар два и пол часа вечерале во луксузниот семеен италијански ресторан „Џорџо Балди“ во Санта Моника. Токму во овој ресторан, вљубените гулапчиња го имале првиот романтичен состанок на 30 јуни годинава, пренесува „Дејли мејл“.

Иако Анџелина се потруди да дојде на вечера сама, сепак не ѝ пречеше да излезе од ресторанот со пејачот, а потоа да се качи во неговиот автомобил, по што се возеа до неговата вила вредна 70 милиони долари на Бел Ер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.